Утрински Весник
Спорт

Баерн нема да го продолжи договорот со Дајер

Dajer.jpg

Ерик Дајер најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Никој во клубот не очекува да биде обновен договорот со 30-годишниот дефанзивец, кој истекува на 30 јуни 2025 година, објави „Sky Sport“.

Дајер нема одиграно ниту еден цел натпревар оваа сезона. Фудбалерот како замена четири пати во Бундеслигата, еднаш во Лигата на шампионите и еднаш беше заменет во натпревар од Купот на Германија.

Дајер во Баерн дојде од Тотенхем минатата сезона. Има играно и за Спортинг.

Можете да прочитате

Гречен Велш урна рекорд од 2009 година

ВТА ја избра тенисерката на годината

Завршија рочиштата за судењето на векот – На Сити му се заканува преселба во аматерската лига