Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Баерн Минхен сака да го купи Френки де Јонг

Баерн Минхен сака да го купи Френки де Јонг
Dik 300x250 mk

Баерн Минхен размислува да го купи Френки де Јонг. Баварците внимателно ја следат ситуацијата околу играчот од средниот ред на Барселона, тврди „Скај Спорт Германија“.

dobivaj vesti na viber

Доколку Илкај Гундоган се пресели на „Камп Ноу“, најверојатно ќе се намали минутажата на Де Јонг и Баерн би можел тоа да го искористи.

На Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на холандскиот репрезентативец и ја информирал управата за неговата желба да го доведе. Можна понуда може да се очекува во наредните недели.

Сѐ уште не е јасно дали Де Јонг би се согласил на преселба во Баерн. Играчот од средниот ред беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед минатото лето, но категорично одби да ја напушти Барселона.

Во последната сезона во Ла Лига, поранешниот играч на Ајакс одигра 33 натпревари и постигна два гола.

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути