Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен изненадувачки ја заврши сезона без ниту еден освоен трофеј за првпат по 2012 година. По единаесет последователни титули во Бундеслигата, Баер Леверкузен го симна Баерн Минхен во тронот, а во Лигата на шампионите беа елиминирани во полуфиналето. Тренерот Томас Тухел си заминува, а на клубот тешко му оди пронаоѓање на негов наследник. Иако сè уште нема нов тренер „Билд“ пишува дека се подготвува огромна чистка во играчкиот кадар на Баерн Минхен. Дури седуммина фудбалери се на излезната врата од клубот. На листата се Џошуа Кимих кој има договор до следната година, Леон Горецка, Серж Гнабри и Кингсли Коман, Дајот Упамекано, Нусаир Мазрауи и Алфонсо Дејвис. Вкупната вредност на овие фудбалери на берзата според „Трансфермаркт“ изнесува 340 милиони евра.