Утрински Весник
Спорт

Баер се извлече по вторпат против Карабах, овојпат со два гола во судиско продолжение

221991 Baer Gubeshe Do 93 Minuta Na Krajot Go Pobedi Karabag Video.png

Серијата без пораз на лидерот во гермнаската фудбалска бундеслигашка конкуренција Баер Леверкузен сезонава продолжува. „Фармацевтите“ со два гола во судиското продолжение го совладаа Карабах (3:2) и го елиминираа во осминафиналето од Лига Европа. Во рок од една недела Баер давапати се извлекува иако имаа негатива од 2:0 во довмечот од Лига Европа со азербејџанскиот Карабах, но сензација на крајот не се случи. Баер на првата средба како гостин извлече реми 2:2, а сега успеа да победи иако во 93 минута беше 1:2 за Карабах ! Гостите имаа повотрно преднос од 2:0 до 72 минута, но пак не им беше доволно да минат во четвртфиналето. Херој на Баер беше Патрик Шик кој ги постигна двата гола за победа, во судиското продолжение, првиот во 93., а вториот во 97. минута. Претходно, Карабах водеше со 2-0 со головите на Зубир и Жунињо, во меѓувреме црвен картон доби Цафарчулиев, но Фримпонг и потоа Шик се погрижија за спектакуларем пресврт. Пласман во следната рунда вечерва обезбедија уште Аталанта, Рома и Ливерпул со тоа што англискиот тим постигна шест гола против Спарта. Резултати од вечерашните мечеви:
Аталанта – Спортинг 2:1 (прв меч 1:1)
Баер – Карабах 3:2 (2:2)
Брајтон – Рома 1:0 (0:4)
Ливерпул – Спарта 6:1 (1:5)

Можете да прочитате

Јапонија и Австралија најуспешни по вториот ден на Олимписките игри

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024