Утрински Весник
Спорт

Баер Леверкузен го потврди Чаби Алонсо

Баер Леверкузен го потврди Чаби Алонсо
Dik 300x250 mk

Баер Леверкузен го потврди Чаби Алонсо како нов тренер, откако легендарниот поранешен шпански фудбалер потпиша договор до 2024 година, откако наводно добија „корпа“ од Томас Тухел.

dobivaj vesti na viber

Шпанецот имаше фантастична играчка кариера со Баерн Минхен, Ливерпул и Реал Мадрид, а ова му е прва посериозна тренерска работа, откако претходно работеше со јуниорските тимови на Реал Мадрид, а беше и тренер на Б-тимот на Реал Сосиедад.

Во Леверкузен тој ќе има вистински предизвик, бидејќи „фармацевтите“ се на претпоследното место на табелата со само една победа во првите осум меча од бундеслигашката сезона.

„Го познавам Леверкузен од моето време во Германија и знам дека се работи за фантастичен клуб. Баер 04 секогаш имале големи фудбалери и сега гледам многу квалитет во тимот. Клубот е амбициозен и мое е да ја остварам таа амбиција“, вели Алонсо.

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“