Утрински Весник
Македонија

Бадниковата паричка кај синот на Мицкоски 

Img 0751.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски сподели топла и радосна вест по повод Бадник, откривајќи дека семејната традиција оваа година донела посебно изненадување за неговото семејство.

„Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј!“ – напиша Мицкоски, пренесувајќи дел од празничната атмосфера во неговиот дом.


Со оваа објава, премиерот ја сподели личната среќа, упатувајќи искрени желби за сите граѓани:

„Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови.“

Мицкоски ја заврши својата порака со традиционалното: „Среќни празници и Христос се роди!“

Можете да прочитате

Јанкулоска: Судските предмети се воделе по политички диктат, не по закон

ВЛЕН: “Безбеден град” е закон за живот, а не за казни

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче како министер вложувал во болницата Жан Митрев за подоцна преку притисок да ја преземе?