Утрински Весник
Македонија

Бадник и Божик во Бигорски, прославата на празникот започнува утре

Bigorski.jpg

Бигорскиот манастир ќе биде домаќин на свечените Божикни празнувања кои започнуваат утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител. Од манастирот ги покануваат сите верници кои сакаат да го прослават светлото Рождество Христово да им се придружат на богослужбите и празничните активности.

„Со радост ги повикуваме сите верници да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител. Ова е време на заедништво, молитва и духовна радост, каде што секој е добредојден“, соопштија од Бигорскиот манастир.


Утре, во 7:30 часот, ќе започне Божествената литургија во чест на Светиот отец наш Наум Охридски, а вечерната богослужба е закажана за 16:00 часот. Понеделничките активности започнуваат со утрена богослужба во 6:30 часот, следена од царските часови за Рождество Христово во 7:30 часот, и завршуваат со голема вечерна богослужба и Света Василиева литургија во 9:30 часот.
Во предвечерието на големиот празник, од 18:00 до 19:30 часот, ќе се организира Бадникова закуска проследена со традиционалното пеење на божикни каланди. Празнувањето ќе продолжи со сеноќно бдение кое започнува во 21:00 часот. На бдението, кое ќе вклучи големо повечерие со литиски и стиховни, утрена и Божествена Василева литургија, ќе чиноначалствува владиката Партениј.

„Празничните богослужби се можност за духовно зближување и радост во чест на Рождеството Христово. Ги покануваме сите да бидат дел од оваа голема духовна прослава“, додаваат од манастирот.

Божикните активности во Бигорскиот манастир ветуваат свечена атмосфера исполнета со молитва, духовно единство и традиционални обичаи, кои го одбележуваат значењето на овој голем христијански празник.

Можете да прочитате

Вечерва почувствуван земјотрес во Скопје

Вреди со честитка за Божиќ

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: За Божиќните празници краткотрајно натпросечно топло, потоа продор на многу ладен воздух од Арктикот и снег!