Утрински Весник
Свет

Бајден: Воениот пробив на Украина во Русија е „вистинска дилема“ за Путин

Ba Den.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Воениот пробив на Украина во Русија „создаде вистинска дилема“ за рускиот претседател Владимир Путин, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден.

Тој додаде дека американски официјални лица се во постојан контакт со Украинците за нивните акции.

Во раните утрински часови на 6 август околу 1.000 украински војници ја преминаа руската граница со тенкови и оклопни возила и до денеска успееја да заземат голем дел од Курската област, територија на Русија. Според некои процени тие контролираат околу 750 квадратни километри од оваа област.

Одговарајќи на новинарски прашања откако синоќа пристигна во Њу Орлеанс, Бајден изјави дека од 6 август тој бил брифиран постојано, на секои четири пет часа, за дејствувањето на Украина.

– Тоа создаде вистинска дилема за Путин, истакна Бајден.

Американски службени лица синоќа потврдија дека целта на украинскиот упад во Курск се чини е Русија да биде принудена да повлече војници од Украина за да ја одбрани руската територија од прекуграничните напади.

Повикувајќи се на официјални лица весникот „Волстрит журнал“ синоќа потврди дека дел од руската војска стационирана околу Суми, Украина, започнала да се повлекува од таму. 

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа