Утрински Весник
Свет

Бајден упати историско извинување до Индијанците

Bajden.jpeg

Американскиот претседател Џозеф Бајден упати јавно извинување до домородните Американци – Индијанци поради државниот училишен интернатски систем, кој со децении ги одвојуваше децата со индијанско потекло од нивните родители, означувајќи го како „дамка на американската историја“.

„Тоа е грев кој го носиме на нашите души. Нема оправдување дека беа потребни 50 години за ова извинување“, рече Бајден за време на посетата на индијанскиот резерват во долината на реката Хила во Аризона.

Во својот говор Бајден зборуваше за злоупотребата и смртта на домородните американски деца како резултат на политиката на федералните власти, велејќи дека тоа е недоволно познато и срамно минато кое мора да се открие.

„Генерации индијански деца беа украдени и однесени на места кои не ги познаваа, меѓу луѓе кои никогаш не ги сретнале и зборувале јазик кој никогаш не го слушнале. Тие заедници беа замолчени. Бучавата и детската игра исчезнаа. Нивната облека беше земена и нивната коса – која се смета за света, беше отсечена. Нивните имиња беа буквално избришани, заменети со бројки или на англиски“, потсети Бајден.

Џо Бајден за време на посетата на индијанскиот резерват во долината на реката Хила во АризонаЏо Бајден за време на посетата на индијанскиот резерват во долината на реката Хила во Аризона

Џо Бајден за време на посетата на индијанскиот резерват во долината на реката Хила во АризонаФотографија: Andrew Caballero-Reynolds/AFP

Тој истакна дека многу од тие деца претрпеле емоционална, физичка и сексуална злоупотреба во интернатите.

„Стотици починаа, а оние кои се вратија во своите домови беа повредени, и физички и психички. Дури и по донесувањето на Законот за граѓански права во 1964 година, злосторствата против нив продолжија“, рече Бајден.

Откако Бајден стана претседател, министерката за внатрешни работи, Деб Халанд, и нејзиниот оддел ја спроведоа првата федерална истрага за индијанскиот интернатски систем.

Имаше повеќе од 400 такви училишта во САД во текот на повеќе од 150 години.

Халанд е првата американска министерка од индијанската заедница. Белата куќа објави дека со децении сојузните интернати се користеле за асимилирање на домородните деца во белото општество.

Министерката за внатрешни работи Деб Халанд, првата домородна Американка која некогаш служела на позиција во претседателската администрација, беше клучна во откривањето на ужасите на системот на интернатиМинистерката за внатрешни работи Деб Халанд, првата домородна Американка која некогаш служела на позиција во претседателската администрација, беше клучна во откривањето на ужасите на системот на интернати

Најмалку 973 од нив починале во, како што се означува, насилниот интернатски систем на американската влада во период од 150 години кој заврши во 1969 година, според податоците на американското Министерство за внатрешни работи, кое побара од американските власти да се извинат.

Покрај тоа, најмалку 18.000 деца, некои на возраст од четири години, биле одземени од нивните родители и принудени на асимилација. Одлуката за укинување на училишниот интернатски систем за Индијанците беше донесена во 1968 година од страна на американскиот претседател Линдон Џонсон.(dw)

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд