Утрински Весник
Свет

Бајден прв пат во посета на Кралот Чарлс

Бајден прв пат во посета на Кралот Чарлс
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден денес е во официјална посета на Велика Британија, за да се сретне со кралот Чарлс и премиерот Риши Сунак.

dobivaj vesti na viber

Ова е првпат американскиот претседател да се сретне со кралот по крунисувањето во мај.

Дипломатското патување на Бајден во странство, во кое тој ќе отпатува и во Литванија и Финска ќе се одржи од 9 до 13 јули.

Бајден не присуствуваше на крунисувањето на кралот во мај, но наместо него отидоа неговата сопруга, првата дама Џил Бајден и неговата внука.

Неговата посета следи по дводневната посета на Сунак во Вашингтон во јуни, каде што двајцата лидери разговараа за Украина, економијата по Брегзит и за добрите и лошите страни на вештачката интелигенција.

„Состанокот овој месец дополнително ќе ги зајакне блиските односи меѓу нашите нации“, соопшти Белата куќа.

Даунинг стрит објави слична изјава, велејќи дека „претстојната посета на Бајден ја одразува силната врска меѓу Велика Британија и САД“.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин