Утрински Весник
Свет

Бајден пристигна во Киев со воз во целосна тајност

Бајден пристигна во Киев со воз во целосна тајност

Американскиот претседател Џо Бајден ненајавено пристигна во главниот град на Украина, каде што се сретна со украинскиот претседател Зеленски. По тој повод најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 500 милиони долари и нови санкции против руските елити.

dobivaj vesti na viber

„Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден во Киев пристигнал со воз. Возењето од полската граница до Киев траел неколку часа, а посетата е опишана како „демонстрација на решителноста на администрацијата на Бајден“.

Посетата беше спроведена во целосна тајност од безбедносни причини, а претставници на Белата куќа со денови негираа дека Бајден планира да ја премине украинската граница.

Бајден пристигна во украинската престолнина еден ден пред најавениот голем говор на рускиот претседател Владимир Путин, во кој се очекува да ги изнесе целите на Русија за втората година од инвазијата. По Киев се очекува Бајден да ја посети и Полска.

Можете да прочитате

Зеленски: Му благодарам на Трамп за можноста да го заштити Киев за време на екстремната зима

Иран ја предупреди ЕУ: Одлуката за ИРГЦ како терористичка организација ќе има последици

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела