Утрински Весник
Свет
Img 7972

Бајден пристигна во Египет на самитот COP27

Бајден пристигна во Египет на самитот COP27
300x250 opst2

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во Египет на самитот на ОН за климатски промени COP27, кој се одржува во популарното летувалиште Шарм ел Шеик.

dobivaj vesti na viber

Бајден ќе помине само неколку часа во Египет и ќе го претстави американскиот план за намалување на последиците од глобалното затоплување, чии последици најмногу ги чувствуваат земјите во развој, пренесува АП.

Се очекува САД да инвестираат повеќе од 375 милијарди долари во текот на 10 години во заеднички фонд за борба против последиците од климатските промени.

Исто така, веројатно е дека Бајден ќе се пофали со многу амбициозниот Закон за намалување на инфлацијата, кој предвидува огромни инвестиции во инфраструктурата, здравствениот систем и животната средина.

Нацрт-законот, поддржан од демократите, беше усвоен од американскиот Конгрес во август.

Бајден ќе оствари билатерална средба и со претседателот на Египет, Абдул Фатах ел Сиси, на која покрај прашањата за соработка и безбедност, ќе се спомене и состојбата со човековите права во Египет.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија