Утрински Весник
Свет

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата

Bajden.jpeg

Низ нова фаза на лекување на агресивен облик на рак на простата со терапија со зрачење и со хормонска терапија периодов минува поранешниот претседател на САД Џозеф Бајден, соопшти вчера неговиот портпарол, објави NBC News.

Поранешниот претседател веќе прима хормонска терапија во форма на таблети.

„Во рамките на планот за лекување на рак на простата, претседателот Бајден моментно прима терапија со зрачење и хормонска терапија“, изјавил неговиот портпаролот.

Минатиот месец, Бајден беше подложен на третман на рак на кожа познат како Мохсова операција. Голем завој на неговото чело беше видлив за време на неговите јавни појавувања во тој период.

На поранешниот американски претседател Џозеф Бајден во мај му беше дијагностицирана агресивна форма на рак на простата.

Можете да прочитате

Двајца загинати во лавина во Словачка

Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто

Еден од најбараните терористи на ФБИ ќе биде екстрадиран во САД по 20 години бегство