Утрински Весник
Свет

Бајден побара од Нетанјаху гаранции за безбедноста на населението во Рафа

20240211201333 Big 730x400 38.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема воена операција во Рафа „без сигурен и остварлив план“ за заштита на населението во тој град, објави Белата куќа.

– Во телефонскиот разговор со Нетанјаху, Бајден истакна дека воената операција во Рафа не треба да се одвива без сигурен и остварлив план, кој гарантира безбедност на повеќе од милион луѓе, кои нашле засолниште таму, соопшти Белата куќа.

Претходно Нетанјаху наведе дека израелската армија пред нападот врз Рафа ќе обезбеди „безбеден премин за цивилното население“.

И покрај предупредувањата од меѓународната заедница за потенцијално крвопролевање во градот, каде што се засолниле повеќе од милион раселени Палестинци, Нетанјаху тврди дека претстојната офанзива е клучна за уништување на палестинското движење Хамас

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена