Утрински Весник
Свет

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

Американскиот претседател Џозеф Бајден положи венец во Пентагон, по повод 21-годишнината од терористичките напади на Њујорк и Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

На годишната комеморација, во говорот тој им оддаде почит на „извонредните Американци“ кои ги дадоа своите животи во еден од најтемните денови за американската нација.

– Никогаш нема да заборавиме, никогаш нема да се откажеме, изјави Бајден на комеморативната церемонија во Пентагон, на местото каде што авионот киднапиран од терористите се урна во зградата.

– Нашата обврска да спречиме нов напад врз САД е бесконечна – изјави американскиот претседател, пренесува АП.

Дваесет и една година по терористичките напади во кои терористите на исламската Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, Бајден истакна дека иако САД го напуштија Авганистан, неговата администрација продолжува да ги бара одговорните за нападот на 11 септември.

На годишната комеморација на претседателот на САД му се придружија и членовите на семејствата на лицата кои ги загубија животите во терористичкиот напад кај Пентагон, како и раководството на Министерството за одбрана.

– Ви должиме неверојатен, неверојатен долг – рече Бајден.

Првата дама Џил Бајден ќе зборува на Националниот споменик на летото 93 во Шенксвил, Пенсилванија.

Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе присуствуваат на комеморативна церемонија во Националниот меморијален центар 11 септември во Њујорк.

Два киднапирани авиони пред 21 година удриле во кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и во комплексот Пентагон во Вашингтон.

Овој напад останува еден од најтрауматичните настани на векот, не само за Америка, туку и за остатокот од светот, објави Би-Би-Си.

Директната последица од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година беше одлуката на Белата куќа, на чело со Џорџ Буш помладиот, да му објави војна на тероризмот во светот, што несомнено суштински ги определи тенденциите во меѓународните односи во првите децении на 21 век.

Жртвите на терористичкиот напад загинаа откако два киднапирани авиони ги погодија кулите „близначки“, кои потоа се урнаа, како и кога трет авион удри во комплексот Пентагон во Вашингтон, а авионот се урна во Пенсилванија.

Околу 3.000 луѓе ги загубија животите. Од кулите „близначки“ во Њујорк, само 20 луѓе успеале да ги напуштат зградите пред да се урнат. Меѓу жртвите од 11 септември имало 372 странци, меѓу кои и еден државјанин на Србија.

Големи жртви претрпеа и припадници на градските служби на Њујорк, пред се пожарникари. При падот на кулите „близначки“ загинале дури 343 пожарникари.

Деветнаесет членови на Ал Каеда го започнаа нападот со киднапирање на четири патнички авиони кои полетаа од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Киднаперите упаднале во кабините на авионите и користејќи хартиени ножеви како оружје, ја презеле контролата над леталото.

Набргу потоа, друг авион на Јунајтед удри во јужната кула. Третиот киднапиран авион удри во центарот на Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот се урнал за време на тепачката меѓу патниците и терористите, според официјалната верзија.

Подоцна, соодветните служби на САД оценија дека „мозок“ на нападите што се случија е Калид Шеик Мохамед.

Во пролетта 2011 година, командоси на американската армија извршија рација во комплекс во Пакистан каде што се криеше Осама бин Ладен, обвинет за терористички напади врз САД, и го убија, што тогашниот американски претседател Барак Обама го извести на нацијата и на целата светот.

Во јануари 2013 година, судија на воен суд во американската воена база во заливот Гвантанамо, Куба, го одби барањето судењето на пет лица обвинети за нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година јавно да се емитува на телевизија.

На местото на кулите СТЦ во Њујорк беше подигнат споменик на жртвите, а беше изграден и новиот Светски трговски центар,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години