Американскиот претседател Џo Бајден не е информиран за планот на Израел за воени операции во Рафа, но тој верува дека мора да се заштитат животите на цивилите, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во интервју за НБС њуз.
„Не веруваме дека операција, голема воена операција, треба да продолжи во Рафа, освен ако не постои јасен и спроведлив план за заштита на цивилите, за нивно преместување на безбедни места, за хранење, за обука и за сместување. “, рече Саливан.
Американскиот претседател Џо Бајден постојано го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да спроведува воена операција во Рафа без соодветен изводлив план за заштита на палестинските цивили.
Израел најави копнена инвазија на градот Рафа на крајниот југ од Појасот Газа, каде живеат повеќе од милион Палестинци, а меѓународните хуманитарни организации и некои светски претставници предупредуваат дека тоа дополнително ќе ја комплицира страшната хуманитарна ситуација за палестинските цивили.