Утрински Весник
Свет

Бајден на конференцијата на ОН – COP 27: Климатската криза е егзистенцијална закана за планетата

Бајден на конференцијата на ОН – COP 27: Климатската криза е егзистенцијална закана за планетата

Американскиот претседател Џо Бајден, денеска, на климатската конференција на ОН – COP 27 – изјави дека глобалната климатска криза е егзистенцијална закана за планетата и вети дека САД ќе го направат својот дел во борбата против овој феномен.

dobivaj vesti na viber

Климатската криза се однесува на безбедноста на човештвото, економската безбедност, безбедноста во однос на животната средина и самиот начин на живеење на оваа планета, рече Бајден, лидерот на земјата која е втора во светот по емисии на штетни гасови.

Тој нагласи дека „САД ќе ги исполнат своите цели за емисиите на гас до 2030 година“.

Во својот говор Бајден ги потсети претставниците на земјите од целиот свет на средбата во Шарм ел Шеик дека сѐ уште се потребни напори за да се постигне целта глобалното затоплување да се одржи на ниво од 1,5 Целзиусов степен и покрај војната во Европа и високите инфлација.

„И покрај овие фактори, сега е поважно од кога било да ги удвоиме нашите напори кога станува збор за климата. Војната што ја води Русија само ја зајакнува итноста на светската транзиција и одвојување од зависноста од фосилните горива“, рече американскиот претседател.

Тој рече дека САД, ЕУ и Германија ќе придонесат со 500 милиони долари за финансирање на транзицијата на Египет кон чиста енергија и вети 150 милиони долари во име на Америка за да ѝ помогне на Африка да се приспособи на климатските промени.

Можете да прочитате

Тројца загинати во пожарите во Шпанија, масовни евакуации низ земјата

Путин пред самитот со Трамп: Во фокус Украина и контролата на стратешкото вооружување

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси