Утрински Весник
Магазин

Бајден ги пофали Џорџ Клуни, „Ју-ту“, Гледис Најт и другите лауреати на Центарот Кенеди

Бајден ги пофали Џорџ Клуни, „Ју-ту“, Гледис Најт и другите лауреати на Центарот Кенеди
Ss2

Актерот, режисер и продуцент Џорџ Клуни, пејачката-текстописец Ејми Грант, поп-дивата Гледис Најт, композиторката Тања Леон и ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ беа славени во неделата за нивниот придонес во уметноста на приемот во Белата куќа во пресрет на почесното шоу на Центарот Кенеди.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата, сега во својата 45. година, им оддава признание на ѕвезди од музиката, театарот и екранот за нивниот придонес во американската култура.

300x250 (7)

На свечениот прием во Белата куќа присуствуваше и претседателот Џо Бајден со сопругата Џил.

На приемот за петте почестени, претседателот Џо Бајден се обрати поединечно на секој од нив, пофалувајќи ги нивните индивидуални таленти и нагласи дека тие го отелотворуваат духот на земјата.

„Да се видиме себеси еден во друг, да се обединиме во заедничка кауза – вечерва славиме навистина исклучителна…група уметници“, рече Бајден.

Церемонијата на доделувањето на наградите сите големи телевизиски американски мрежи ќе ја емитуваат на 28 декември.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината