Утрински Весник
Свет

Бајден ја откажа посетата на Австралија поради преговорите за зголемување на границата на американскиот долг

Бајден ќе им оддаде признание на оние кои го бранеа Капитол

Самитот на Квадрилатералниот безбедносен дијалог (Квад) нема да се одржи следната недела во Сиднеј без американскиот претседател Џозеф Бајден, кој ја одложи посетата на Австралија, поради преговорите за зголемување на лимитот на долгот во Америка, изјави австралискиот премиер Ентони Албанез.

dobivaj vesti na viber

Тој на прес-конференцијата рече дека наместо самитот Квад, викендов во Јапонија ќе се одржи состанок на лидерите на Австралија, САД, Индија и Јапонија во рамки на самитот на Групата седум (Г7).

„Состанокот на лидерите на Квад нема да се одржи во Сиднеј следната недела. Сепак, челниците ќе разговараат во Јапонија – изјави Албанез.

Тој најави дека следната недела во Сиднеј може да се одржи билатерална средба со индискиот премиер Нарендра Моди. Премиерот на Австралија не ја коментираше информацијата на весникот „Никеи“ дека јапонскиот премиер Фумио Кишида следната недела нема да патува во Сиднеј.

Квад е неформална група која промовира отворен индо-пацифички регион. Пекинг ја гледа групата како обид да се спречи растечкото влијание на Кина во регионот.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk