Сардар Азмун, напаѓачот на Баер Леверкузен и еден од најдобрите ирански фудбалери крена огромна прашина откако на Инстаграм „крена глас“ против состојбата во Иран, каде што во тек се протести за правата на жените.
„Поради правилата на националниот тим не можев да кажам ништо додека не заврши тренинг-кампот. Меѓутоа, веќе не можам да трпам. Во најлоша ситуација ќе бидам исфрлен од националниот тим. Нема проблем. Ќе го жртвувам тоа за една коса на главите на иранските жени. Оваа приказна не може да се избрише. Срам да ви е што убивате толку лесно. Да живеат иранските жени“, напиша Азмун на Инстаграм.
Двајца од неговите колеги од репрезентацијата, голманот лиреза Биранван и Маџи Хосеини исто така пратија пораки на Инстаграм со поддршка за демонстрантите во Иран, но неколку часа подоцна сите пораки беа избришани. Инстаграм страницата на Сардар Азмун, пак, беше избришана со сите постови во последните осум и пол години.