Утрински Весник
Македонија

Азизи: Владата одлучи, вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

E41393a3 ed40 438c 44fe c12fe2d4a680.jpg

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, ги донесе следните заклучоци:
 
Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република Северна Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата.
 
Исто така, Влада ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Напоменуваме дека од 2017 година откако е формирана комисијата, истата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи.
 
Владата исто така донесе одлука за конечно решавање на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза” со која се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството за здравство, во рок од три месеци, го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот.
 
Воедно, сакам да ја информираме јавноста дека на владината седница се усвои Предлог-законот за Советот на Јавни Обвинители, кој заедно со предлог законот на Јавно обвинителство доби позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие два закони од страна на Собрание значи исполнување на чекорот од Реформската агенда.
 
Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните.
 
Продолжуваме со реализација на програмата на Влада, а тоа е обезбедување на подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите.

Можете да прочитате

Стојаноска го нападна Трендафилов со видео, а самата земала 255.111 денари патни трошоци

СДСМ: Корупцијата цвета, во извештајот на Транспаренси, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

Намалена видливост поради магла на Плетвар и Стража