Повлекувањето на Русија од Херсон, ако навистина се случи, се смета за голем удар на Владимир Путин. Д-р Марк Галеоти, автор на „Војните на Путин: Од Чеченија до Украина“, вели дека тоа означува „нова фаза во конфликтот“.
За „Скај њуз“, авторот зборуваше за тоа какви опции, според неговите очекувања, може да има Путин сега.
„Путин повеќе не се обидува да победи во војна на бојното поле. Наместо тоа, тој, едноставно, се обидува да избегне пораз“, рече тој.
„Рускиот претседател сега се обложува дека Западот на крајот ќе ја повлече поддршката за Украина кога ќе види дека е прескапа“, изјави Галеоти за „Скај њуз“.
„Путин верува дека Западот на крајот ќе биде слаб и нема да може да го задржи фокусот, па планот е да се остави војната да трае онолку долго колку што е потребно“, додава тој. Ако тоа не успее, Галеоти вели дека Путин има уште неколку опции.
„Русите наведуваат дека преговорите се можни, но во моментот се чини дека нема точки на допир меѓу двете страни, така што преговорите се бесмислени. Потоа, тука е изборот на ескалација, како што е употребата на тактичко нуклеарно оружје, но не верувам дека Путин навистина размислува за тоа“, рече тој.
„Друг избор би бил да се предаде, што би го означило крајот на кариерата на Путин. Значи, сè што му преостанува е да остане и да чека“, вели авторот додавајќи дека „многу е тешко да се види излез од ова“,