Утрински Весник
Македонија

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново

Policija.webp.webp
Dik 300x250 mk

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ.

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми