Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во велосипед во Скопје: Тешко повредена 42-годишна жена

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат