Утрински Весник
Свет
Img 7972

Автомобил експлодира во центарот на Амстердам

B0bbdbd0 73bd 46d9 88cf 5d297435c51b.jpg
300x250 opst2

Полицијата во Амстердам соопшти дека автомобил се запалил на централниот плоштад попладнево по експлозија во возилото.

Полицијата соопшти дека се сомнева дека возачот на автомобилот го подметнал пожарот и можеби тоа го направил намерно. Освен возачот, нема информации за повредени.


Полицијата соопшти дека на видео снимките се гледа дека пожарот настанал од експлозија, која се случила меѓу толпа луѓе на прометниот плоштад.

Полицијата информира дека опколила големи делови од плоштадот додека експертите за експлозиви го испитуваат возилото.

Минатата недела маж избоде пет лица во близина на истиот плоштад. Полицијата го идентификуваше осомничениот за тој инцидент како 30-годишен украински државјанин од источната Доњецка област, за кој обвинителството рече дека имал терористички намери, според светските медиуми.

Можете да прочитате

Стотина Палестинци пуштени од израелските затвори, се слави во Рамала и Газа

Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај

Трамп: Светата земја конечно е во мир