Утрински Весник
Скопје

Автобусите на ЈСП денеска и утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Sp.webp.webp

Поради верскиот празник Духовден денеска и утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека денеска од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и кај Транспортниот центар, а утре редовно работно време ќе имаат сите билетарници и центри за персонализација.

Жичницата денеска и за време на викендот ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Во недела, како што информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. 

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел