Утрински Весник
Свет

Австриската полиција објави нови слики и ги бара жените од видеото со девојчето за кое роднините сметаат дека е Данка

03c348ed 7c09 42c7 947f A8f29d6c941f.jpg

Виенската полиција објави соопштение за медиумите во кое достави и две нови фотографии од девојка од Виена која наликува на исчезнатата Данка Илиќ (2).

Во соопштението полицијата наведува и дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во Виена и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка. Како што се наведува во соопштението, тие во моментов трагаат по жени кои биле во друштво на девојчето кое личи на Данка и ги повикуваат луѓето да се обратат во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.

„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, се претпоставува дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција бара објавување на снимките по наредба на јавниот обвинител“, беше објавено.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени снимени со девојчето веднаш да се обратат во полиција.

Да потсетиме, малата Данка исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор и оттогаш по неа се водат интензивни трагања. На 30 март жител на Виена, роден во Србија, на трамвај снимил девојче кое наликува на малата Данка во придружба на две непознати жени. После тоа била издадена жолта потерница на Интерпол, а во потрагата веднаш се вклучила и криминалистичката полиција на Австрија.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење