Утрински Весник
Свет

Австрија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за децата помлади од 14 години

Social media.webp.webp

Владата на Австрија планира да воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 14 години.

Трите владејачки партии соопштија дека постигнале начелен договора за забрана со цел да се заштитат децата од „алгоритмите кои предизвикуваат зависност“ и содржини кои вклучуваат сексуална злоупотреба. Но, не наведоа кога забраната ќе стапи во сила и како ќе се спроведува.


– Во иднина решително ќе ги заштитиме децата и младите од негативните ефекти на социјалните мрежи. Повеќе нема да стоиме настрана и да гледаме како овие платформи ги прават нашите деца зависни и честопати болни … Ризиците поврзани со оваа употреба беа игнорирани доволно долго, а сега е време да се дејствува, истакна вицеканцеларот Андреас Баблер од социјалдемократите.

Тој додаде дека нацрт-законот за австриската забрана ќе биде изготвен до крајот на јуни.

Австралија е прва држава која во декември минатата година воведе забрана за социјалните мрежи за помлади од 16 години. 

Можете да прочитате

Суд привремено ја блокираше забраната на Пентагон за користење на „Антропик“

Путин барал од олигарсите да помогнат во финансирањето на буџетот за воените трошоци

ЕУ се надева на пораз на Орбан