Утрински Весник
Македонија

Јавното обвинителство и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа меморандум за соработка

20251001193348 big 730x400 56.jpg

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Документот има за цел за овозможи заедничко дејствување во насока на зголемена ефикасност на борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и взаемна размена на податоци, искуства и експертиза.


Со Меморандумот е предвидена и соработка при подготовката на документи за креирање на политики од областа на корупцијата, владеење на правото и заштитеното пријавување, како и учество за спроведување на заеднички проекти од областа на борбата против корупцијата.

Во рамките на активностите, Транспаренси Интернешенл-Македонија ќе изврши независна длабинска анализа на предизвиците со кои се соочува обвинителството во смисла на недостаток на капацитети, но и негативните последици од измените на Кривичниот законик во однос на кривичните дела од областа на корупцијата.

Меморандумот го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Транспаренси Интернешнл-Македонија Благоја Пандовски.

Можете да прочитате

Барел нафта над 115 долари, каква одлука за горивата денеска ќе донесе Регулаторна?

Почнува судскиот процес против Стојанче кој ја навел сопругата на самоубиство

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш