Утрински Весник
Свет

Јавноста ја вознемири фотографија од изгладнет елен: Зоолошката градина во Бор тврди дека се е во ред

Јавноста ја вознемири фотографија од изгладнет елен: Зоолошката градина во Бор тврди дека се е во ред

Фотографии од изгладнет елен во зоолошката градина Бор објавени на социјалните мрежи ја вознемирија јавноста, а властите тврдат дека храна има доволно, но сега е сезоната на парење на еленот.

dobivaj vesti na viber

На објавената фотографија се гледа елен чии ребра се испакнати, а во најголем дел од коментарите доминира прашањето дали животните во зоолошка градина се доволно згрижени.

 

Директорот на зоолошката градина на Дарко Драгијевиќ изјави за Бета дека 17-годишниот елен е во добра состојба и никогаш не бил болен.

„Сега е сезоната на парење на елените, а после подолг период му донеле женка. „Постојано ја брка, рика и нормално јаде, но поради годините ослабе, бидејќи во сезоната на парење елените не внимаваат на храната“, изјави Драгијевиќ.

И претходно беа објавени фотографии од гладен тигар, но директорот вели дека Зоолошката градина има доволно храна за сите животни.

Можете да прочитате

Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина

Украинците нападнаа објект со беспилотни летала 1.000 километри длабоко во Русија

На Карлос Сантана му се слоши пред настап во Тексас, итно префрлен во болница