Утрински Весник
Македонија

Јавна расправа за планот за дијаспората, Муцунски ќе ги претстави клучните области

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Владата ќе се обрати на јавната дебата по Предлог-текстот на „Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во своето обраќање, како што информираат од МНР, министерот ќе стави акцент на главните области опфатени со Националната стратегија, која има за цел да ги зајакне врските меѓу матичната држава и македонските граѓани во странство преку подобрување на квалитетот на услугите, зајакнување на институционалната рамка, промоција на македонскиот културен и образовен идентитет, развој на одржлив туризам и поттикнување на економската и инвестициска соработка.

Можете да прочитате

Исмаил: Ќе даде ли Министерството согласност за спорниот ДУП на Водно?

Денеска ново рочиште за случајот „Државна Лотарија“

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување