Утрински Весник
Економија

Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување на минерални суровини

20250402161343 big 730x400 33.webp.webp

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе организира јавна расправа за Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Нацрт-стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на Република Северна Македонија 2025-2045.

Министерството ги повика сите засегнати страни – институции, експерти, академската заедница, граѓанскиот сектор и бизнисот – активно да се вклучат во креирањето на стратегијата.


– Нашата цел е овој документ, изработен од реномирани научници и експерти, да ги следи највисоките стандарди и да обезбеди одржлив и ефикасен развој на земјата во следните две децении, соопшти Министерството.

На расправата ќе бидат презентирани нацрт-извештајот и нацрт-стратегијата по што ќе следува дикусија. 

Можете да прочитате

Јовановиќ: ЕЦБ води истрага против Алта Банка, таа банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници