Утрински Весник
Македонија

АВМУ започнува постапка за одземање на дозволата за емитување на ТВ Алфа

Img 3481.jpeg

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) едногласно покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Телевизија Алфа поради неплатен долг, пишува 4news.mk.

Доколку телевизијата не го подмири долгот за дозволата за емитување, постои реална можност да згасне. Сепак, како што беше потенцирано, има најави дека Алфа ќе ја изврши уплатата до крајот на февруари.


„Радиодифузерот го нема платено надоместокот за емитување во утврдениот рок и затоа се предлага да се започне постапка за одземање на дозволата“, изјави директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.

Според него, 87% од медиумите веќе ги подмириле своите обврски, но од националните телевизии само ТВ Алфа сè уште го нема платено долгот.

Освен ТВ Алфа, обврските кон АВМУ не ги имаат подмирено и ТВ МТМ (Скопје), ТВ Кочани (Кочани), ТВ Калтрина (Струга), Галакси (Кавадарци), РФМ (Скопје) и Џез ФМ (Скопје).

Можете да прочитате

Мицкоски со обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција во Вашингтон

Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најавува Јаневска