Утрински Весник
Македонија
Img 7972

АВМУ: Во периодот на предизборието не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик, медиумите генерално се придржуваа кон објективност и непристрасност

Avmu.webp.webp
300x250 opst2

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  изготви Извештај од мониторингот на радиодифузерите во периодот од распишување на изборите до почетокот на кампањата за Локалните избори, односно од 10 август до 28 септември 2025 година.

Со мониторингот беа опфатени девет национални телевизиски програмски сервиси – МРТ 1, МРТ 2,                    ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21-М и ТВ 24 Вести. Акцентот беше ставен врз централното издание на вестите, како и врз посебните информативни емисии (интервјуа, дебати, соочувања) и врз другите информативни програми поврзани со подготовките за изборите.


Наодите од мониторингот покажаа дека во овој период не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик.

Во целиот период на предизборието, од 10 август заклучно со 28 септември 2025 година, во вестите на анализираните телевизии на државно ниво имаше малку информативни прилози (вести/вести во низа/извештаи) посветени на претстојните Локални избори.

Медиумите генерално се придржуваа кон начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, при што на публиката би ѝ се овозможило слободно да оформи мислење за одделни настани и прашања. Исклучок беа две телевизии. ТВ Алфа не го почитуваше ова начело од квантитативен (одвоеното време) и од квалитативен аспект (преку позитивно врамување и тон во вестите и интервјуата за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и Владата и негативен тон и врамување во вестите за политичката партија СДСМ), додека ТВ Алсат-М ова начело не го почитуваше доследно поради негативниот тон и врамување за политичката партија ДУИ во прилозите од вестите. 

Јавниот радиодифузен сервис преку редовните информации (вести/извештаи/соопштенија) од Државната изборна комисија, ги исполни обврските да информира за изборниот процес. Телевизиските програмски сервиси на Јавниот радиодифузен сервис емитуваа и дебатни емисии, меѓутоа не за соочувања на најголемите политички партии од власта и опозицијата како што пропишува член 76-а став 11 од Изборниот законик, туку со политички аналитичари, кои ги анализираа направените анкети во врска со Локалните избори меѓу населението во неколку градови во Македонија на МРТ 1, односно предизборната реторика на Вреди и ДУИ на МРТ 2.

Неколку комерцијални телевизии, исто така, вложија напори Локалните избори 2025 година да ги анализираат и преку посебни информативни емисии (интервјуа, дебати и други информативни програми). Интервјуа емитуваа ТВ Алфа, Канал 5, ТВ 21-М, ТВ Сител и ТВ 24 Вести, додека дебати организираа ТВ 24 Вести, ТВ Телма и ТВ 21-М.

Извештајот од мониторингот на медиумското претставување за периодот од 10 август до 28 септември 2025 година е достапен на линкот.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја