Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Медиумите да бидат особено внимателни во известувањето во врска со трагедијата во дискотека во Кочани

20250316083135 Big 730x400 6 1.webp.webp

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.

Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од овие причини, информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано.


Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професиоалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување.

Воедно медиумите треба да прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан.

Можете да прочитате

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Јанев: Без морал и срам – Краделе од оние што навистина имаат потреба

Османи: Ако годинава имаме избори, следните четири години може да бидат нашиот прв реформски прозорец кон ЕУ