Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Користење буџетски пари за рекламирање на Град Скопје е незаконско

АВМУ: Користење буџетски пари за рекламирање на Град Скопје е незаконско
Dik 300x250 mk

По информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу 5 милиони денари, за промоција на кампањи за посебни активности на Град Скопје преку
маркетинг агенција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека користењето буџетски средства за ваков вид активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

dobivaj vesti na viber

„ И во оваа прилика, како и во повеќе претходни наврати, потенцираме дека средствата на даночните обврзници не смеат да се користат за рекламирање на власта, на кое било ниво, преку приватни радиодифузери. Ваквиот начин на финансирање отвора простор за директно нарушување на независноста и уредувачката самостојност на медиумите, и може да доведе до коруптивни практики“ додаваат од АВМУ.

Можете да прочитате

Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци

Препакувале и продавале марихуана и кокаин – Кривична пријава против двајца охриѓани

Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?