Утрински Весник
Македонија

Авионот на Бујар Османи во 2023 година останал без ГПС над Бугарија, исто како летот на Урсула фон дер Лајен

534762052 1346886630125988 8803143070016335081 n.jpg

Текст:
Инцидентот со губењето на ГПС сигналот на авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, над бугарскиот воздушен простор не е изолиран случај. Албанскиот портал „Lexo.al“ објави дека слична ситуација се случила и во февруари 2023 година со авионот на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој се враќал од Молдавија во улога на претседавач со ОБСЕ.

Како што пренесува порталот, авионот на Османи претрпел целосен прекин на ГПС сигналот додека летал над Бугарија, а пилотите биле принудени да користат традиционални алатки за навигација и печатени мапи – истите протоколи што биле активирани и за време на инцидентот со авионот на Фон дер Лајен при слетувањето во Пловдив.


Овој случај никогаш не бил објавен, ниту од ОБСЕ, ниту од Европската унија, ниту од НАТО. За разлика од транспарентно водениот процес со Фон дер Лајен, инцидентот со Османи останал прикриен и се открива дури сега. „Два такви инциденти, кои влијаат на високи функционери на истата патека на летот, јасно укажуваат на системска ранливост“, изјавил европски аналитичар за воздушна безбедност.

По последниот инцидент со авионот на Фон дер Лајен, бугарскиот премиер Росен Жељасков оцени дека нема потреба од дополнителна истрага, тврдејќи дека нарушувањата не претставуваат хибридна или сајбер закана.

Сепак, Европската комисија потврди дека е информирана за настанот и нејзините портпаролки Аријана Подеста и Ана-Каиса Иконен истакнаа дека бугарските власти се сомневаат во намерно мешање од страна на Русија.

Жељасков дополнително појасни дека мешањето е резултат на радио-електронската војна поврзана со конфликтот во Украина, при што радиомагнетни бранови создаваат суперпозиција што доведува до нарушување на сигналите во поширок географски појас – од Хелсинки до Триполи.

Со откривањето на случајот со Османи, анализите покажуваат дека безбедноста и сигурноста на воздушниот простор над Бугарија се под сериозен знак прашалник.

Можете да прочитате

Жителите на Аеродром излегоа на протест против загадувањето од Вардариште

Сиљановска-Давкова им врачи признание „Инженерски прстен 2025“ на 14 најуспешни дипломирани инженери

ЗНМ и ССНМ: Недолично однесување на претставници на Министерството за здравство кон новинари е недозволиво