Утрински Весник
Свет

Авион со шест лица се урна во државата Њујорк

20250413133723 big 730x400 99.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двомоторен авион со шест патници се урна во калливо поле на северот од американската држава Њујорк, соопштија локалните власти.

Заменик-шефот на полицијата во округот Колумбија, Жаклин Салваторе, информираше дека службите реагирале по добиен повик на бројот за итни случаи 911. Таа изјави дека несреќата завршила со фатални последици, но одби да прецизира колку лица загинале.


Федералната управа за авијација соопшти дека авионот од типот „Мицубиши MU-2B“ со шест патници се упатувал кон аеродромот во округот Колумбија, во близина на Хадсон, но се урнал на околу 50 километри од дестинацијата.

– Авионот е во средината на поле кое е многу калливо, што го отежнува пристапот, изјави Салваторе на прес-конференција во близина на местото на несреќата, околу 80 километри јужно од Олбани

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат