Утрински Весник
Свет

Авион се урна во фабрика во Калифорнија, загинаа две лица

Screenshot 2025 01 03 073606.jpg
Dik 300x250 mk

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува Скај Њуз. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на едната страна додека се приближува до зградата, пред да експлодира во облак од црн чад.

Авионот потоа се урнал низ покривот на зградата во која во тоа време биле 200 работници. Несреќата се случила само две минути откако авионот полетал од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ.


Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае дали двајцата загинати биле во авионот или во фабриката. На осум повредени лица на лице место им била укажана прва помош, а десет од нив морале да одат во болница.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети