Утрински Весник
Свет

Авион се урна во близина на аеродром во Шкотска

9 8.jpg

Мал авион се урна само неколку моменти по полетувањето од аеродромот Фајф во Шкотска, предизвикувајќи итна реакција на службите. Инцидентот се случил денеска, нешто пред 12 часот.

Според британскиот „Метро“, авионот, кој штотуку полетал, паднал во ливада во близина на аеродромот. Веднаш по несреќата, полицијата ја обезбеди целата област, додека екипите за итна помош пристигнаа на местото на настанот. Засега, не е познато колку патници имало во авионот, ниту дали има повредени или жртви.


„Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот, во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек“, изјавија од шкотската полиција.

Шкотската противпожарна служба испрати добро опремена спасувачка единица, која веднаш се вклучи во акцијата за обезбедување на местото на падот. Дополнителни тимови и спасувачи пристигнаа со хеликоптер, а екипите остануваат на терен за да ја завршат истрагата и да обезбедат целосен преглед на состојбата.

Се очекуваат повеќе информации по завршувањето на првичната истрага.

Можете да прочитате

Запалил жена во метрото во Њујорк, а потоа мирно продолжил да седи додека таа умирала

Јужна Кореја разви робот кој им помага на параплегичарите

Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп