Утрински Весник
Свет

Авион се урна на автопат во Њујорк, најмалку еден загинат

Avion 1.jpg

Најмалку едно лице загина, а уште едно е тешко повредено откако мал авион се урна на автопат во Њујорк. Несреќата се случила во Харисон околу 19 часот по локално време, предизвикувајќи голема штета и затворање на патот во двата правци.

Авионско гориво се излеало на патот, а итната помош и полицијата се сè уште на местото на настанот. Според портпаролот на полицијата, прелиминарната истрага покажала дека во авионот се наоѓале две лица, од кои едно го загубило животот.


– Дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни – изјави портпаролот.

Местото на несреќата е под контрола на надлежните служби, а истрагата за причините продолжува.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста