Утрински Весник
Свет

Авганистан: Најмалку 35 лица загинаа во експлозија во верско училиште

Авганистан: Најмалку 35 лица загинаа во експлозија во верско училиште

Најмалку 35 лица загинаа, а 23 се повредени денеска во експлозија во верско училиште во провинцијата Саманган, на северот на Авганистан.

dobivaj vesti na viber

Според локални извори, повеќето од жртвите се студенти, пренесе ТАСС. Не е познато кој стои зад смртоносната експлозија, објави Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека талибанците рекоа дека се фокусирани на безбедноста откако ја презедоа власта минатата година, но дека во последните месеци имаше напади и дека терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за некои од нив.

Можете да прочитате

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина

Израел тврди дека погодил објекти на воздушната одбрана и ракетни складишта во Техеран

Голем пожар во зграда во Берлин, 17 повредени, станарите евакуирани