Утрински Весник
Македонија

Аваја: Историска шанса и надеж за решавање на клучните проблеми на ромската заедница

2 1 1 Scaled.jpg
Dik 300x250 mk

Аваја го поздравува храбриот потег на премиерот и листата со предлози на владиниот кабинет на премиерот Христијан Мицкоски, каде што за прв пат во историјата на државата има дури двајца заменици министри во ресорите на Министерството за локална самоуправа и Министерството за односи со заедниците.

Заедно со Министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите ќе имаме тројца старо-нови, претставници од ромските политички партии во извршната власт на новиот владин кабинет.

Ова претставува голема историска шанса и надеж за ромската заедница во државата.

Ромската заедница, од владините претставници очекува и се надева на вистински и сериозен системски пристап во решавањето на клучните проблеми и предизвици со кои што соочуваме.

Сметаме дека заедно со сите најави за застапеност на роми  во вториот и во третиот ешалон на извршната власт, Владата ги има сите механизми да ги реши децениските проблеми со кои што се соочуваме.

Ние како политичка партија ќе ги подржиме и ќе ги потикнеме добрите политики и будно ќе ги критикуваме сите површни и лоши решенија на Владата, предизвикувајќи го потенцијалниот “статус кво” кој што нашиот  народот очекува дека ќе се промени.

Можете да прочитате

Определен притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Николоски и Димитриеска Кочоска на средба со Тим Рид: Потврдено стратешкото партнерство