Утрински Весник
Спорт

Атомски почеток – Мареј и Јокиќ ги декласираа Санси и Дурент

Атомски почеток – Мареј и Јокиќ ги декласираа Санси и Дурент

Денвер нагетс, првопласираната екипа во Западната конференција во регуларниот дел од сезоната, стигна до импресивна 125:107 победа над Финикс санс во првиот меч од конференциското полуфинале, предводени од расположените Џамал Марееј и Никола Јокиќ.

dobivaj vesti na viber

Мареј беше прва ѕвезда на паркетот со 34 поени, 5 скока и 9 асистенции, Јокиќ додаде 24 поени, 19 скока и 5 асистенции, а одлични беа и Гордон со 23 поени и Браун со 14 поени, додека на Санси не им помогнаа 29-те поени на Кевин Дурент.

По израмнетиот старт и водството на Финикс од 32:31 по првата четвртина, Денвер ја презеде контролата до крајот на полувремето поведувајќи со 68:51, за на почетокот на второто полувреме Мареј да блесен и да ја осигура големата победа.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027