Утрински Весник
Спорт

Атлетико успеа да ја спушти цената на Гризман, ќе го откупи неговиот договор

Атлетико успеа да ја спушти цената на Гризман, ќе го откупи неговиот договор

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман би требало да стане нов играч на Атлетико Мадрид по репрезентативната пауза на крајот на овој месец, пишува „Лекип“.

dobivaj vesti na viber

Гризман моментално е на позајмица во Атлетико. Позајмицата од Барселона му истекува на крајот од сезоната. Францускиот весник пишува дека клубовите преговараат Атлетико да го откупи за 25.000.000 евра.

Атлетико го купи Гризман во 2014 година од Реал Сосиедад за 30.000.000 евра, а пет години подоцна го продадоа на Барселона за 120.000.000 евра.

Вкупно, Гризман одигра 299 пати за клубот од Мадрид, постигна 144 гола и 57 асистираше. Со него ја освои Лигата на Европа, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина