Утрински Весник
Спорт

Атлетико Мадрид ќе му го „украде“ пред нос Аспиликуета на Интер

Атлетико Мадрид ќе му го „украде“ пред нос Аспиликуета на Интер

Капитенот на Челси, Цезар Аспиликуета, ги договори личните услови со Интер, сѐ беше подготвено за трансфер, но се чини дека Шпанецот нема да оди во Милано, туку во Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Атлетико Мадрид ненадејно се вклучи во трката за искусниот дефанзивец, а членовите на неговото семејство, желни за враќање во Шпанија, наводно ја поддржуваат таа опција.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне го сака во својот тим.

Аспиликуета се договори за двегодишен договор со Интер, но на крајот се случи голем пресврт, па дефанзивецот ќе потпише двегодишен договор со „јорганџиите“.

Аспиликуета игра во Челзи од 2012 година и со овој тим ги освои сите најважни трофеи. Тој беше под договор до следното лето, но Челси ќе го пушти во Атлетико без обештетување и како слободен играч, во знак на благодарност за сѐ што направи за клубот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина