Утрински Весник
Македонија

Атанасовски: Со влезот во владата, ЗНАМ покажа дека е само уште еден бизнис проект

Blagojce Atanasovski 2 2048x1363 1.jpg

ЗНАМ ќе имаше поголема додадена вредност доколку победата на ВМРО-ДПМНЕ не беше во толкав размер од 58 пратеници и доколку ЗНАМ беше еден клучен фактор на бајпасирање на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и тогаш условно кажано би било опортуно ЗНАМ да влезе во таа владејачка коалиција, рече во интервју за Слободен печат, политичкиот аналитичар Благојче Атансовски.

„Јас се изненадив зошто при ваков распоред на силите во Собранието, ЗНАМ влегува во владејачката коалиција, бидејќи на ваков начин само докажува дека тоа е само еден бизнис, деловен проект кој е формиран од страна на кумановскиот градоначалник и е политичка партија што направи штета на СДСМ. Многумина аналитичари сметаат дека по катастрофалниот пораз на СДСМ и условно кажано, прилично добриот резултат на ЗНАМ, бидејќи ЗНАМ е политичка партија формирана пред само девет месеци, и сите веруваа дека ЗНАМ може да делува како коректив на власта и полека може да го освојува тој опозициски празен простор, до моментите додека СДСМ се стабилизира. Но сепак, одлуката на лидерот и раководството на ЗНАМ е веднаш да станат дел од владејачкото мнозинство и мислам дека на тој начин ЗНАМ политички себеси си пукаше во нога“ рече Атанасовски.

Според него, тоа што ЗНАМ е сега дел од власта ќе направи штета врз нивниот полиитчки рејтинг.

„Со самото учество во власта, половина од тие гласачи што гласале за ЗНАМ ќе се откажат и ќе речат дека ЗНАМ едноставно се продале за власт и за функции. Тоа што ЗНАМ ќе биде дел од власта, ќе и наштети на нејзиниот политички рејтинг, бидејќи тоа не е партија создадена врз некоја цврста идеолошка основа, туку повеќе е создадена од незадоволните членови и структури на СДСМ кои не се пронајдоа во седумгодишното владеење на СДСМ“ заклучи Атанасовски.

Можете да прочитате

Кривична за 5 лица- со тврди предмети нападнале скопјанец пред Клиника

Средба Тошковски – Карнер: Заедничката соработка во справување со илегалната миграција е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот

Клековски: Енергетиката е една од важните прашање и во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ денешната инвестиција во ветерниот парк е една од трите ветерни паркови ветени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ