Утрински Весник
Спорт

Аспиликуета останува во болница

Аспиликуета останува во болница

Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета ќе ја помине ноќта во болница откако доживеа удар во главата на натпреварот од Премиер лигата против Саутемптон.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на лондонскиот клуб Греам Потер изјави дека очекува шпанскиот фудбалер да остане во болница најмалку 24 часа.

Во 74. минута од натпреварот против Саутемптон (0:1), Аспиликуета доби силен удар во главата од Секу Мара. кој се обиде да фати ножички.

Дефанзивниот 33. годишен фудбалер потоа беше изнесен на носилки, а паузата траеше десет минути.

„Среќа што е свесен. Во болница е. Разговараше со сопругата. Значи, го следиме и многу сме загрижени за него. Не беше убаво да се види”, додал Потер.

Аспиликуета е играч на Челзи од 2012 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите во 2021 година. Тој е капитен на Челзи од 2019 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина