Утрински Весник
Свет

Асанж доби право на жалба поради екстрадицијата во САД

Gettyimages 2024852126.webp.webp

Високиот суд во Лондон денеска му одобри на основачот на Викиликс Џулијан Асанж право на жалба против екстрадицијата во САД.

Асанж денеска не се појави на суд поради неговата здравствена состојба, но неговите адвокати рекоа дека тој не треба да биде екстрадиран во САД, кои го сомничат за масовно протекување на доверливи документи, што потенцијално би го загрозило неговото право на слобода на говор.
Двајцата судии треба да одлучат дали се задоволни од гаранциите на САД дека Асанж (52) може да се потпре на Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот, додека му се суди за шпионажа, објави Ројтерс.

Адвокатскиот тим на Асанж вели дека тој би можел да биде во авион за САД во рок од 24 часа по одлуката на судиите, но би можел да биде ослободен од затвор или повторно во затвор додека трае правната битка.

Адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд, рече дека судиите не треба да ги прифатат гаранциите на американските обвинители дека Асанж може да се обиде да се повика на неговите права и заштита од Првиот амандман, бидејќи американскиот суд не е обврзан да го стори тоа.

„Ние велиме дека ова е јасно несоодветна гаранција“, рече Фицџералд пред судот.

На судењето сопругата на Асанж Стела се појави со неговиот брат и таткото, но Асанж не се појави поради здравствени причини, рече Фицџералд.

Демонстрантите рано утринава се собраа пред судот во Лондон, држејќи транспаренти и извикувајќи „Слобода за Џулијан Асанж“.

На еден транспарент упатен до американскиот претседател Џо Бајден пишува „Пушти го, Џо“.
Викиликс објави стотици илјади доверливи американски воени документи за американските војни во Авганистан и Ирак, како и голем број дипломатски телеграми, поради што американското обвинителство го товари Асанж за кршење на Законот за шпионажа.

Многубројните поддржувачи на Асанж ширум светот сметаат дека тужбата против него е напад врз новинарството и слободата на говорот и одмазда.

Бројни групи за човекови права, како и политичари, меѓу кои и австралискиот премиер Ентони Албанес, побараа ослободување на Асанж.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена