Утрински Весник
Спорт

Артета бара замена за Габриел Жесус

Артета бара замена за Габриел Жесус

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека клубот ќе се обиде да најде соодветен играч не само да ја пополни празнината што се појави со повредата на Габриел Жесус, туку и да го подигне нивото на тимот.

dobivaj vesti na viber

Бразилецот се повреди на натпреварот против Камерун на Светското првенство и беше опериран. Сѐ уште не е јасно кога ќе се врати, но очекувањата се дека тоа нема да се случи пред месец март.

„Разговаравме многу за тоа дека треба да се фокусираме повторно да почнеме силно. Сите се во добра форма. Ќе ни недостасува Габриел Жесус, но мораме да се соочиме со овие предизвици. Играчите едвај чекаа да се вратат на ритамот во Премоерлигата. Сите кои учествуваа на Светското првенство, без исклучоци, освен повредените Салиба и Жесус. Дали ќе се засилиме во зимскиот преоден рок? Мораме да бидеме активни, а тоа значи дека бараме начин да го засилиме составот. Ни треба вистински играч што ќе влијае на тимот и ќе нѐ одведе на следно ниво“, изјави Артета.

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката